Утрински Весник
Македонија

Османи на средба со новиот српски министер за надворешни работи: Градиме стабилност и просперитет во регионот

Османи на средба со новиот српски министер за надворешни работи: Градиме стабилност и просперитет во регионот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со неговиот српски колега Никола Селаковиќ, на маргините на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Анталија, Турција.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата соговорниците ги реафирмирале заемните заложби за одржување континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.

„Ние, земјите од регионот, имаме заедничка цел, обединување под капата на ЕУ. Развој на односите и соработката во регионот претставуваат дополнителен поттик за реализација на европската перспектива, но и автеничен извор на стабилност и предвидлива иднина, што е основен интерес на секоја земја од регионот“, нагласил министерот Османи.

Соговорниците ја истакнале и досегашната одлична соработка меѓу двете држави, како и последната одлука на премиерите на Северна Македонија, Србија и Албанија за отворање на границите за непречен проток без потреба од приложување на тестови, почнувајќи од 10 ноември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче

Државата не ги научи лекциите од трагедијата во „Пулс“ – системските слабости останаа