Утрински Весник
Македонија

Османи на Самитот за Западен Балкан во организација на престижниот „Економист“

Османи на Самитот за Западен Балкан во организација на престижниот „Економист“
Ss2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на панел дискусија насловена „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и безбедноста во кревка глобална средина”, во рамки на конференцијата Самит на Западен Балкан – „Промовирање на инклузивноста и солидарноста во Европа”, што се одржува во Скопје, во организација на престижниот магазин The Economist.

Министерот Османи во своето обраќање ги истакна современите глобални предизвици како климатските промени, хибридните и саjбер закани, миграциските кризи, при што ја нагласи потребата од партнерски пристап и меѓусебна соработка на Северна Македонија со Европската унија и другите земји од нашето регионално опкружување, во насока на нивно надминување и креирање на посилна Европа.

300x250 (7)

Воедно, ги истaкна чекорите преземени од страна на нашиот регион во насока на доближување кон Европската унија, преку формирање заеднички регионален пазар и направениот исчекор кон зелена и дигитална трансформација, што од своја страна придонесува за одржливиот развој на самата ЕУ.

„Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан оди рака под рака со кредибилната политика на проширување на ЕУ. Доколку нема напредок во однос на досието на Северна Македонија оваа зима, тоа негативно ќе се одрази врз кредибилноста на ЕУ. Најевтината инвестиција за заживување на европската перспектива е преку преземање конкретни чекори кон секоја од земјите во регионот“, истакна Османи.

Министерот се осврна и на членството на Северна Македонија во НАТО, оценувајќи го како успешен и заемно корисен пример за безбедноста на земјава и Алијансата. Земјаќи ги предвид бенефициите и постигнувањата од нашето присоединување кон НАТО, упати порака дека не постои дилема дека прогресот на нашиот пат кон ЕУ ќе биде од заемна корист за земјава, регионот и за Унијата како целина.

На панелот, покрај Министерот Османи се обратија и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз и други високи претставници од регионот и академската заедница.

Ss1

Можете да прочитате

Седми претседателски избори од независноста на државата

Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти