Утрински Весник
Македонија

Град Скопје ќе додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Град Скопје ќе додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната кови- болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за доделување парична помош на семејствата на настраданите.

„Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот за секое загинато лице на семејствата ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ“, се наведува во соопштението на градските власти.

На оваа последна седница на овој состав на Советот на Град Скопје, градоначалникот Шилегов им се заблагодари на сите советници за добрата соработка во изминатите четири години.

Можете да прочитате

ДУИ: Од 549 нови полицајци има помалку од 40 Албанци

СДСМ: Гостивар чека да се вратат сите од екскурзија

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина