Утрински Весник
Македонија

Османи-Касконе: Македонија заслужува отворање на пристапните преговори за членство со Унијата

Османи-Касконе: Македонија заслужува отворање на пристапните преговори за членство со Унијата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес се сретна со Андреа Касконе, директор за Балкан во италијанското МНР.

Главна тема на разговорот беше европската перспектива на нашата држава, при што директорот Касконе порача дека Северна Македонија заслужува отворање на пристапните преговори за членство со Унијата, за што Италија ќе продолжи силно да се ангажира.

Соговорниците разменија мислења и за надворешно-политичките и безбедносните приоритети на двете земји во светло на војната во Украина, како и за продлабочување на билатералната соработка во области од заемен интерес.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание