Утрински Весник
Македонија

Османи добил уверување од Макрон – со употребата на „северномакедонци“ направил ненамерна грешка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија била направена ненамерна грешка, соопшти МНР.

Од кабинетот на Макрон исто така бил потврден официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор, соопштија од МНР.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Какво време нè очекува денеска? Облаци, сончеви периоди и југозападен ветер