Утрински Весник
Македонија

Османи во Јапонија: Парламентарната дипломатија клучна за зајакнување на билатералните односи

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Јапонија, оствари одвоени средби со спикерот на Домот на претставници, Хиројуки Хосода и претседателката на Домот на советници, Санто Акико.

На средбите, соговорниците се осврнаа на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, при што акцентот беше ставен на меѓу парламентарната соработка. Беше констатирано дека постои голем потенцијал за продлабочување на врските меѓу двата законодавни дома, особено преку постоечките пратенички групи за соработка во двете земји.

Воедно, на средбите стана збор и за економската соработка меѓу двете земји и можностите за унапредување на бизнис релациите, особено во делот на привлекување јапонски инвестициите.

Претседателите и на двата дома изразија силна поддршка за европските интеграции на Северна Македонија, што претставува значаен предуслов за напредокот на земјата, но и за севкупната стабилност на Западниот Балкан.

Соговорниците разменија мислења и за актуелната безбедносна состојба по руската инвазија во Украина, како и нејзиното влијание врз стабилноста во Европа и Индо – Пацификот.

Можете да прочитате

Викендов следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија