Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи во Берлин го врачи првиот пасош издаден во амбасада

Османи во Берлин го врачи првиот пасош издаден во амбасада
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Берлин, ја искористи за да ја врачи првата издадена патна исправа, изработена врз основа на податоците добиени со новиот современ систем поставен во повеќето амбасади низ дипломатската мрежа на Северна Македонија.

„Нема веќе долги рокови, непотребни трошоци и непријатности. Отсега и информациите за патните исправи директно во амбасадите, од каде во пристоен рок и ќе се земаат готовите пасоши. Нашата цел е да бидеме сервис на дијаспората, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби. Задоволна дијаспора значи и поголема поврзаност на нашите граѓани со својата земја, но и поттик за нивно враќање дома“, истакна Османи.

Досегашната постапка за издавање на пасоши просечно траеше од четири до пет месеци, а анализата на министерството за надворешни работи покажала дека во некои случаи постапката се одолговлекуваше и над шест месеци. Од МНР наведуваат дека покрај времето, тоа претпоставувало и големи трошоци, како за самите граѓани, така и за министерството. Со поставувањето на базните станици претставниците на нашата дијаспора се стекнуваат со голем бенефити и од аспект на времето потребно за овие активности, финансиските трошоци поврзани со тоа, а истовремено, ќе добијат готов производ, пасош за временски рок од две до три недели.

Можете да прочитате

Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дуба

Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд