Утрински Весник
Македонија

Османи во Белград на средби со Вучиќ, Дачиќ, Брнабиќ и Селаковиќ

Османи во Белград на средби со Вучиќ, Дачиќ, Брнабиќ и Селаковиќ

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи ќе оствари работна посета на Република Србија.За време на посетата, покрај средбата со министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, Османи ќе биде примен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ќе оствари средби со претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ и со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ.

На средбите ќе се разговара за состојбата со билатералните односи, можностите за нивно интензивирање и продлабочување со нови форми и содржини од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена, во која веќе Република Србија претставува значаен партнер на земјава.

Соговорниците ќе разменат мислења во врска со актуелните состојби во нашиот регион, регионалната соработка, како и предизвиците и перспективите на државите во однос на процесот на интеграција во европските и евроатлански структури и можностите за соработка и меѓусебна координација.

Во услови на сложена пандемија и започнување на процес на вакцинација, ќе бидат разгледани напорите и активностите на двете влади во справувањето со последиците и ограничувањата во борбата со вирусот Ковид-19, како и меѓусебната соработка и координација на тој план.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зејнула: Целта е трговијата на Македонија со Турција да достигне 2 милијарди евра до 2027 година

Нема семејство во Кочани кое не е погодено вели Наунов за последиците од пожарот во „Пулс“

Пожар вечерва во „КАМ мол“ – пожарникарите интервенираат, полицијата го обезбедува објектот