Утрински Весник
Моја Кујна

Освежителна детокс вода со портокал и лимон.

96084594 2971545662967067 7032769103841642891 N
300x250 (7)

Пијалок кој мислам дека ќе ви биде често спремен. За 1 литро вода, потребни се 2 лимони, 2 портокали и јас ставив неколку гранчиња нане.
На лимоните и портокалите најпрво им се сечат двата краја, бидејќи од тој дел се цеди сок, а останатиот дел го сечеме на не многу дебели кругови. Јас го правев во голема тегла, вие можете во 2 помали. Исцедете го сокот, додадете ги круговите овошје и прелијте со вода. По желба додадете гранчиња нане. Затворете ги теглите и оставете да отстои неколку часа или преку ноќ. Може да стои и на собна температура и во фрижидер. Послужете со коцки мраз, и по желба додадете црвено овошје.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martina Trajanoska (@martinascooking) on

Ss1

Можете да прочитате

Нутриционистите откриваат зошто луѓето имаат потреба од благо

utrinskilogin

Чоколадни бомбици (4 состојки)

Тортиљи со кашкавал