Утрински Весник
Свет

Орбан: Подготвени сме да бидеме домаќини на преговорите меѓу Русија и Украина

Орбан: Подготвени сме да бидеме домаќини на преговорите меѓу Русија и Украина
Dik 300x250 mk

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека неговата земја ќе биде подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Говорејќи за Би-би-си за границата меѓу Унгарија и Украина, Орбан рече дека одговорноста за завршување на војната лежи, пред сè, на руската страна.

Во минатото Орбан имаше блиски односи со претседателот Путин, со 11 средби во последните 12 години, а последната пред еден месец во Москва.

Во исто време неговата влада ги затегна односите со Украина поради законот за јазици за кој владата тврди дека го дискриминира големото унгарско малцинство во Украина.

„Унгарија е добар пријател на Украина и на украинскиот народ, ако им треба помош овде, може да сметаат на нас. Мислам дека на лидерите не им треба порака и совет од мене. Тие се одлични момци и знаат подобро од мене што да прават. Она што е унгарска желба, не е совет, не е порака. Само желба од срце. Мир, ве молам, мир“, рече Орбан.

Унгарската влада ја понуди Будимпешта како место за идни мировни преговори меѓу Русија и Украина како алтернатива на разговорите на релативно ниско ниво, што веќе се одржаа во белорускиот главен град Минск.

„Војната може да се запре само со преговори, мировни преговори и прекин на огнот“, рече Орбан, пренесе Би-би-си.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа