Утрински Весник
Свет

Орбан: Војна и мир е прашањето на овие избори, противниците можат да ја вклучат Унгарија во конфликтот

Орбан: Војна и мир е прашањето на овие избори, противниците можат да ја вклучат Унгарија во конфликтот
Dik 300x250 mk

Војна и мир е прашањето на изборите, изјави премиерот Виктор Орбан пред новинарите откако гласаше на парламентарните избори во Будимпешта.

Претседателот на „Фидес“, кој беше придружуван од сопругата Анико Леваи, рече дека е убеден оти нивните противници не ја чувствуваат тежината или сериозноста на ситуацијата и дека можат да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот.

„Тоа би било трагично за Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа. Тој рече дека војната е во соседството, меѓу големите земји и дека Унгарија мора да се држи настрана од неа.

Во Унгарија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои актуелниот премиер Виктор Орбан ќе се обиде да го добие четвртиот последователен мандат.

Орбан и неговата партија „Фидес“ на изборите ќе се соочат со здружена опозиција, првпат откако дојде на власт на изборите во 2010 година.

Можете да прочитате

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс