Утрински Весник
Македонија

Општина Радовиш ја подобрува инфраструктурата во селата

Општина Радовиш ја подобрува инфраструктурата во селата

Струмица, 12 јуни 2020 (МИА) – Со уредување на централниот дел на селото Покрајчево со бехатон елементи и урбана опрема, изградба и поплочување на улици во населените места Калугерица и Воиславци, општина Радовиш продолжува да ја подобрува инфраструктурата, информира градоначалникот Герасим Конзулов.

Посочи дека средствата за проектите се обезбедени од општинската каса.

-Реализираме три тендери, од кои два се за населените места и еден за градот. За селата одделивме 12 милиони денари, а за оваа намена во градот ќе потрошиме осум милиони денари. Дополнително се предвидени уште три милиони денари за набавка и поставување на урбана опрема, рече градоначалникот  Конзулов.

Покрај овие зафати, тој најави дека за десетина денови се очекува да биде завршено обновувањето на делницата од седум километри од патот кон планината Плачковица. За целосна обнова на овој патен правец останува уште една делница која треба да биде завршена во 2021 година. рт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници 

Ноќеска „Дрисла“ гореше, Ангелов тврди дека магла е!

Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ