Утрински Весник
Македонија

Општина Крива Паланка објави повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации со седиште во општината

Утврден приоритет на три проекти за водовод и канализација во Крива Паланка

Крива Паланка, 14 февруари 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации со седиште во општината за користење на средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година, наменети за проектни активности.

Финасиските средства ќе се доделуваат на здруженија и фондации од областа на подобрувањето на условите за живеење на социјално маргинализираните лица, активности за креирање и имплементација на младински политики и потреби, културно-историско наследство, заштитата на животната средина и локалниот економски развој.

Право на учество на јавниот повик имаат само и единствено здруженија и фондации кои се основани и се со седиште на територијата на Општина Крива Паланка, како и сите оние кои минатата година користеле средства од оваа програма да имаат уредно поднесен извештај за искористеност на истите, посочија од општината.

Проектните активности треба да кореспондираат со стратешките и развојни документи на Општина Крива Паланка и да бидат родово сензитивни, да бидат од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните во локалната заедница во соодветната област на која се засноваат предлог проектите, а средствата да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог проектот, но и да бидат спроведени исклучиво на територијата на Општина Крива Паланка.

Програмата за поддршка на здруженија и фондации за годинава е со вкупен износ од 900.000  денари, а краен рок за поднесување апликации е 28 февруари. ид/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола