Утрински Весник
Македонија

Тројца албански државјани осомничени за трговија со дрога во Гостивар

Спречен шверц на 55 килограми марихуана на албанско-македонската граница
Img 5587

Скопје, 14 февруари (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, албански државјани, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Тројцата, од почетокот на месецов, набавиле наркотична дрога марихуана, од која дел им била наменета за лична употреба, а дел за препродажба на други лица на подрачјето на Гостивар и околните села, соопштија од ОЈО.

Img 5587

При претрес во собата во која престојувале осомничените на 13 февруари, како што наведоа од ОЈО, полициските службеници пронашле околу 227 грама марихуана во повеќе најлонски пакувања, дигитала вага и дробилица. Извршената проверка покажала дека лицата на возраст од 28, 20 и и 34 години не оствариле легален влез преку граничен премин на територијата на државава.

– Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување краткотраен притвор за тројцата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор од 48 часа. По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомничените, соопштија од ОЈО. см/лв/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија за нашите деца и внуци

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор