Утрински Весник
Македонија

Акумулацијата Гратче кај Кочани порибена со 320 килограми крупен крап

Акумулацијата Гратче кај Кочани порибена со 320 килограми крупен крап

Кочани, 14 февруари 2019 (МИА) – Членовите на спортско-риболовното здружение „Кочански рибар“ денеска ја реализираа првата овогодишна акција за порибување на акумулацијата Гратче кај Кочани, при што беа пуштени 320 килограми крупен крап.

За ова обновување на рибниот фонд во езерото, за кое здружението има добиено шестгодишна концесија, инвестирани се околу 75 илјади денари од сопствената сметка, а рибата е набавена од домашен сертифициран рибник и репроцентар.

– Порибувањето го извршивме со крупни единки крап чија тежина е од еден до пет килиограми, а заради адаптација на рибата до крајот на овој месец е определена тотална забрана за риболов. По завршување на времената забрана нашите членови ќе можат да уловат само по еден крап дневно со должина до 40 сантиметри и со тежина до три килограми. Притоа, ги известивме риболовците дека поголемите единки на крап имаат чип со единствен број што е прикачен на горната перка, па потребно е при враќањето на рибата во водата чипот да не се отстранува, истакна Димитар Димитров, претседател на здружението „Кочански рибар“.

Според годишната програма за работа, а во согласност со законските обврски, планирани се уште пет акции за порибување на езерото Гратче, за што средствата ќе бидат собрани од членарина, од продажба на риболовни дозволи и од други извори.

Интересот за зачленување во „Кочански рибар“ е голем и досега се издадени над 30 годишни дозволи, а постои можност и за купување дневни дозволи за риболов. та/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“