Утрински Весник
Македонија

Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот
Ss2

Скопје, 17 март 2020 (МИА) –  Погребите да се прават во кругот на семејството, да не се посетуваат бањско климатски лекувалишта, домовите за стари лица да го намалат бројот на нови лица за згрижување, граѓаните да не ангажираат мајстори за реновирање, апелираше денеска на прес-конференција министерот за здравство  Венко Филипче повторувајќи ја препораката за избегнување места со поголем број луѓе како мерка за превенција од коронавирусот. Ако продолжат верските собири Филипче најави дека ќе и предложи на Владата да најде начин да ги забрани.

– Апелите важат за сите. Пораките важат за сите. Никој не смее ниту да помисли  да ги прекрши овие пораки. Сериозно ќе биде санкциониран. Сериозни се прекршоците и никој не смее да си дозволи да  го загрози јавното здравје. Ја разбирам емотивната состојба кога станува збор за погреб, ама може овој период погребите да се прават во кругот на најтесното семејство. Нека останат тие собирања за понатака. Ако продолжат и верските собирања понатака  ќе предложам на Владата да најде начин да се забранат, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашања.

Img 5587

Според него, треба да се избегнуваат  и бањско климатските центри, а домовите за стари лица да го редуцираат бројот на новопримени. – Треба да се избегнуваат сите објекти каде има голема бројка на луѓе Утрово разговарав и со директорката  на Домот во Ѓорче Петров дека таму треба да се редуцира бројот на новорпимени затоа што таа е најризична категорија, рече Филипче советувајќи, меѓу останатото, граѓаните да не реновираат дома затоа што тоа подарзбира ангажирање и контакт со мајстори.

Како што објави на прес-конференцијата, во државава се заболени 26 лица со коронавирус, сите се во стабилна состојба, се чекаат резултати за шест лица, а во групен карантин во касарната во Пепелиште ќе бидат 200 лица наши државјани кои ќе бидат транспортирани денеска организрано во државава.лв/са/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Санела Шкријељ: Во центарот на реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни

Костадиновска-Стојчевска од Пустец: Идеалите на Делчев за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија