Утрински Весник
Македонија

Општина Велес обезбеди флаширана вода за пиење и канистер со вода во селото Сопот

Општина Велес обезбеди флаширана вода за пиење и канистер со вода во селото Сопот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 24 март 2020 (МИА) – Поради неисправноста на водата за пиење од природната чешма во селото Сопот, а со цел задоволување на потребите за вода на жителите од селото, Општина Велес обезбеди достава на флаширана вода за пиење и канистер со вода за техничка употреба.

Доставувањето започна денеска, по заклучокот од вчерашната Седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес.

Од Опшината информираат дека ова уследило по анализа на водата од страна ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес, а по што стручниот тим од Центарот предупредил дека водата од природната чешма во селото Сопот не смее да се користи за каква било намена поради енормното присуство на индикатори за фекално загадување.ад/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот