Утрински Весник
Македонија

Општина Бутел отвори Јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети

Општина Бутел отвори Јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети
300x250 (7)

Од денеска во општина Бутел е отворен Јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети.

Општина Бутел очекува голема заинтересираност од жителите и токму затоа општината го субвенционира секој купен велосипед со 50% од вкупниот износ на новиот купен велосипед или максимум 3000 денари од цената, или доколку се одлучат жителите на општина Бутел да купат електричен тротинет тогаш сумата која ќе ја субвенционира општината е 3000 денари за секој купен електричен тротинет.

Img 5587

Сите заинтересирани граѓани на општина Бутел можат да го видат Јавниот повик за субвенционирање кој е објавен на веб страната на Општина Бутел http://www.opstinabutel.gov.mk и на Огласната табла во општината, а доколку сакаат да aплицираат ќе треба да ги достават своите документи до архивата на општина Бутел секој работен ден од 08:00 до 16:30 часот.

Во овој Јавен повик ќе важи правилото „прв дојде прв услужен“.

Со овој потег се стимулираат бутелчани активно да користат велосипедиили електрични тротинети со што ќе придонесат за намалување назагаденоста на амбиенталниот воздух, а со самото тоа ќе придонесат за заштита на животната средина.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)