Утрински Весник
Свет

Опозициски пратеник во Украина повикува на ликвидација на Бајден

Опозициски пратеник во Украина повикува на ликвидација на Бајден

Пратеникот во украинската Врховна Рада од партијата „Опозициска платформа – За живот“, Илија Кива, смета дека украинската безбедносна служба треба да подготви план за, како што рече, неутрализација и доколку е можно, целосна ликвидација на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Кива во „Телеграм“ за Бајден тврди дека е, како што пишува, главниот сејач на паника и провокатор за војна и дека неговите изјави и постапки ја загрозуваат економијата и безбедноста на Украина.

„Се надевам дека претседателот Зеленски го покани во Украина токму со таа цел“, додава Кива.

САД и западните сојузници тврдат дека Русија подготвува, како што велат, инвазија на Украина и и се заканува на Москва со санкции кои според нив ќе ја „осакатат“ руската економија.

Москва, пак, посочува дека НАТО дошол до нејзините граници и дека мора да ги брани „црвените линии“ кога е во прашање нејзината безбедност.

Можете да прочитате

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

Русија ги продава своите златни резерви за да го закрепне својот буџет

САД и Ирак ќе ја „интензивираат соработката“