Утрински Весник
Македонија

Опожарено возило пред затворот „Идризово“

На паркингот пред затворот „Идризово“ рано утринава околу 2 часот горело возилото, на еден од вработените. Од МВР за синоќешното опожарување известуваат:

„На 16.06.2022 во 01,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади управната зграда, било опожарено патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита и сопственикот, кој при гаснење на пожарот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври