Утрински Весник
Свет

Опасниот јужноафрикански сој на Ковид-19 стигна во Русија

Опасниот јужноафрикански сој на Ковид-19 стигна во Русија

Руската Федерална агенција за фитосанитарен надзор денес потврди дека идентификувала два случаи на нов вид на коронавирус, кој за првпат бил откриен во Јужна Африка, пренесува Ројтерс.

Агенцијата објави дека Русија досега открила 28 случаи на британски вид на коронавирус, а првиот ваков случај е потврден во јануари.

Од почетокот на пандемијата, Русија објави повеќе од 4 милиони случаи на Ковид-19 и над 90.000 смртни случаи како резултат на оваа болест, пренесува Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд