Утрински Весник
Свет

ОН: Повеќе од 700 мигранти од Либија се вратени дома

ОН: Повеќе од 700 мигранти од Либија се вратени дома

Повеќе од 700 либиски мигранти се вратени дома во последните денови, предупреди вчера Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци (УНХЦР).

„ Меѓу мигрантите имаше многу мали деца и луѓе на кои им беше потребна голема помош“, напиша портпаролкатана УНХЦР, Карлота Сами, на Твитер.

Таа предупреди дека мигрантите во спротивно би завршиле во произволни притвори на неодредено време, додавајќи дека таму би биле изложени и на ризик да бидат повредени од страна на трговците со луѓе.

„ Либија сè уште не е безбедна“, нагласи официјалниот претставник на ООН.

Минатата недела Советот за безбедност на ОН одржа неформален состанок во кој се фокусираше на враќањето на повеќе од 20.000 странски борци и платеници од Либија по барање на преодната влада на земјата која се движи кон избори во декември по една деценија борби и пресврти.

ОН во декември проценија дека во Либија има најмалку 20.000 странски борци и платеници, вклучувајќи Сиријци, Руси, Суданци и државјани на Чад.

Можете да прочитате

Без Украина и ЕУ, не е можен договор Русија – САД за прекин на огнот, порача Калас

Тројца пливачи загинаа од подводна мина во Одеса

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за заедничката изјава за мир во Украина