Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ОН: Околу 13 милиони луѓе во Кенија, Сомалија и Етиопија се соочуваат со тежок глад

ОН: Околу 13 милиони луѓе во Кенија, Сомалија и Етиопија се соочуваат со тежок глад
300x250 opst2

Околу 13 милиони луѓе во Кенија, Сомалија и Етиопија се соочуваат со силен глад, поради најтешката суша во Африканскиот рог во последните децении, соопшти Светската програма за храна на Обединетите нации.

Во соопштението се наведува дека три сезони дождови „пропаднале“ по ред, а регионот го имал најсушниот период од 1981 година.

Сушата ги уништи посевите и влијаеше на „ненормалната“ смртност на добитокот, што доведе до тоа семејствата во руралните области, кои се потпираат на сточарството и земјоделството, да ги напуштат своите домови, пишува Франс прес.

Регионалниот директор на Светската програма за храна за Источна Африка, Мајкл Данфорд, рече дека недостатокот на вода и пасишта, како и проектираните потпросечни врнежи од дожд во следните неколку месеци, се закануваат само да донесат поголема беда.

Според него, ситуацијата бара итна хуманитарна акција, со цел да се избегне повторување на кризата во Сомалија во 2011 година, кога 250.000 луѓе починаа од глад поради долгата суша.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари