Утрински Весник
Свет

ОН: Одобрена резолуција со која се осудува секое негирање на Холокаустот

ОН: Одобрена резолуција со која се осудува секое негирање на Холокаустот

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одобри резолуција со која се осудува секое негирање на Холокаустот и се повикуваат сите нации и компании на социјалните мрежи да преземат активни мерки во борбата против антисемитизмот.

Резолуцијата беше одобрена со консензус, без гласање, пренесе АП.

Амбасадорите на Израел и Германија, кои силно ја поддржаа резолуцијата, ја истакнаа важноста од усвојување на резолуцијата.

„ Живееме во ера во која фикцијата станува факт, а холокаустот станува далечно сеќавање“, рече израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан пред Собранието, повикувајќи на поддршка за резолуцијата.

Амбасадорот Ердан, внук на преживеаните од Холокаустот, рече дека резолуцијата е обврска да се осигура дека искривувањата и негирањата на Холокаустот повеќе нема да се толерираат.

Тој посочи дека платформите на социјалните медиуми, како што се Фејсбук, Твитер и Јутјуб, шират пандемија на искривувања и лаги за Холокаустот.

Во резолуцијата се нагласува дека сеќавањето е клучна компонента за спречување на понатамошни акти на геноцид.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади