Утрински Весник
Македонија

Онлајн-наставата во Гостивар се спроведува отежнато 

Онлајн-наставата во Гостивар се спроведува отежнато 

Гостивар, 2 април 2020 (МИА) – Недостигот од унифицирана платформа за спроведување настава и обезбедување соодветна техничка опрема за ученици од семејства со социјално загрозен статус онезвозможуваат успешно спроведување на наставниот процес – констатираа по состанокот локалната власт и директорите на училиштата во Гостивар. Сепак, како што информираат од Секторот за образование во Општината, опфатеноста на учениците достигнува две третини.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, и одговорната за образование, Аслиан Снопче, остварија средба со директорите на гостиварските општински основни и средни училишта на која се анализирале состојбите и биле разгледувани можностите за вклучување на што повеќе ученици во онлајн-настава во  услови на изолација.

Директорите информираа за активностите што се преземаат и за проблемите со кои се соочуваат наставниците и учениците при спроведување на учењето преку интернет.

– Со оглед на тоа што во моментов не постои унифицирана платформа за спроведување на ваков вид настава, и поради тоа што владата не изготвила акционен план, а се доцни и со снабдувањето со соодветна технолошка опрема за уеници кои доаѓаат од семејства со социјално загрозен статус, наставниот процес се одвива со големи проблеми, но, сепак, опфатеноста на учениците достигнува до околу две третини, неведуваат од Општина Гостивар.

Градоначалникот Таравари искажа задоволство и им честиташе на директорите и на наставниот кадар што со максимална посветеност успеваат на учениците да им ја задржат навиката за следење на наставата. Тој се надева дека состојбата во нашата земја ќе се надмине и дека кон средината на наредниот месец ќе се продолжи со редовна настава.

Времето додека трае прекинот на наставата ќе се искористи за извршување на планираните работи во училишните згради, а една недела пред да се продолжи со настава ќе се изврши целосна дезинфекција. згм/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути