Утрински Весник
Македонија

Онлајн донации за доизградба на црквата „Св.Илија”

Онлајн донации за доизградба на црквата „Св.Илија”

Македонска Каменица, 31 мај 2020 (МИА) – Жителите на Македонска Каменица започнаа онлајн донаторска акција за собирање средства за доизградба на црквата „Св.Илија”. Досега се собрани околу 5000 евра, а како што информираат организаторите на акцијата, потребни се уште најмалку толку за цртање на фрескоживописот во црквата.

-Црквата „Св.Пророк Илија” е изградена во 1860 година, припаѓа на Брегалничката епархија и истата не е фрескоживописана. Се работи за старата црква во градот, која после изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица”, е оставена во многу лоша состојба поради лошата финансиска на парохијата, заради што ја покренавме оваа акција, велат организаторите.
Доколку бидат собрани потребните средства, како што додава Лимонка Мони Васевска која е еден од иницијаторите на акцијата, истите ќе бидат искористени и за обнова на надворешниот простор пред црквата.
-Во црковниот двор има станбен простор во кој претходно престојувале, кој со текот на времето поради немањето средства за одржување, потполно е оштетен и во моментот е опасен за престој. По барање на старешината Николчо Воиновски, јас заедно со семејството се заложив да се соберат средства за реновирање на објектот до црквата, во кој ќе можат да се преселат и живеат свештениците, како и за реновирање на самата црква „Св. Пророк Илија”, вели Васевска.
Таа им се заблагодари на сите кои досега донираа во рамки на акцијата, која засега се реализира по пат на он-лајн донации на социјалните мрежи, кои се реализираат како дел од иницијативата „Донации за црквата Св.Пророк Илија во Македонска Каменица”.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија

Бугарски медиуми: Сиљановска Давкова воодушевена од премиерата на Софиската опера и балет во Скопје