Утрински Весник
Свет

Омикрон ја освојува планетата – откриен во 110 земји

Омикрон ја освојува планетата – откриен во 110 земји

Омикрон досега е откриен во 110 земји, а поради брзината на ширење може да зададе значителен удар врз здравствените системи, иако е помалку опасен од делта сојот, се вели во извештајот на Светска здравствена организација (СЗО).

„Во моментов, омикрон е документиран во само 110 земји во сите шест региони на СЗО“, се вели во извештајот.

Се нагласува дека забрзаното пренесување на овој сој може да доведе до поголем притисок врз здравствените системи и да доведе до значителна смртност, пренесува Интерфакс.

СЗО вели дека влијанието на омикрон врз ранливите популации може да биде значајно, особено во земјите со ниски нивоа на вакцинација.

СЗО забележува дека севкупниот ризик за овој сој на корона вирусот останува „многу висок“, со оглед на севкупната ситуација со пандемијата и способноста на омикронот брзо да се шири.

Можете да прочитате

Полска ги предупреди своите жители: Итно напуштете ја Белорусија

Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН, мавташе со карти, па ги нападна европските земји (ВИДЕО)

Делегатите масовно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН поради обраќањето на Нетанјаху (ВИДЕО)