Утрински Весник
Македонија

Омбудсман: Секој заслужува хуман третман, а тортурата не е ништо друго туку злосторство против човештвото

Дводневен состанок на мрежата на Националните превентивни механизми на ЈИЕ
Ss2

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Секој заслужува хуман третман, а тортурата не е ништо друго туку злосторство против човештвото. Ова налага сите луѓе, па и на оние кои од која било  причина слободата на движење им е ограничена да бидат третирани без да им се погази достоинството, напиша народниот правобранител Иџет Мемети по повод Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура.

-Со прогласувањето на 26 јуни како Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура се одбележува моментот кога во 1987 година стапи на сила Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и друг вид сурово, нечовечко и понижувачко постапување или казнување. Конвенцијата го истакнува апсолутниот карактер на забраната за тортура и ја наложува потребата од спроведување политики за нулта толеранција во случаите на нејзино постоење, наведено е во соопштението од канцеларијата на народниот правобранител.

Ss1

На овој ден, како што е посочено, ја изразуваме солидарноста со жртвите на тортура и нивните семејства, а истовремено ги реафирмираме и барањата за обезбедување соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка на овие лица.

-Секој заслужува хуман третман, а тортурата не е ништо друго туку злосторство против човештвото. Ова налага сите луѓе, па и на оние кои од било која причина слободата на движење им е ограничена да бидат третирани без да им се погази достоинството. Посебно за нив треба да се води грижа сега во услови на пандемија со вирусот Ковид-19. Ограничувањето на нивната слобода не смее да предизвика ограничување во нивната здравствена заштита, се додава во соопштението.

Народниот правобранител работи континуирано и посветено во борбата против тортурата, а секоја година, веќе девет години по ред, на овој ден го објавува и Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам.

Извештајот како што е посочено, содржи приказ на состојбите во местата на лишување и ограничување на слободата на движење и анализа на преземените активности за превенирање од тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување во овие места.

Констатираните состојби и упатените препораки до надлежните власти за надминување на утврдените недостатоци се резултат на вкупно 22 превентивни посети, што тимот на Националниот превентивен механизам ги спроведе во текот на 2019 година. дма/скс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години