Утрински Весник
Свет

Олаф Шолц: Москва ја разбира пораката на Западот за санкциите

Олаф Шолц: Москва ја разбира пораката на Западот за санкциите

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Москва сфатила дека Западот е обединет во својата решеност да воведе строги санкции доколку Русија ја нападне Украина, но рече дека ситуацијата и понатаму е напната.

„Рано е да се каже дека проблемите се решени. Тие се толку сериозни и ќе останат уште некое време, па го заслужуваат нашето внимание“, рече Шолц на прес-конференција по разговорот со данската премиерка Мете Фредериксен,  пренесува „Ројтерс“.

Шолц додаде дека Соединетите Американски Држави, Европската Унија и НАТО дејствуваат заеднички по прашањето за потенцијалните санкции, кои се подготвуваат многу добро.

Можете да прочитате

Европа може да остане без гориво за неколку дена?

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина