Утрински Весник
Македонија

Од утре полициски час од 21:00 до 06:00

Од утре полициски час од 21:00 до 06:00

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Владата на денешната седница одлучи од утре во земјава да се воведе полициски час, соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Во секој момент се очекува и вонредно обраќање на Спасовски до јавноста.

-Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Ограничување на движењетоОд утре почнуваме со  на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, напиша Спасовски на фејсбук. мч/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?