Утрински Весник
Економија

Од среда ќе се исплаќаат јануарските пензии

Од среда ќе се исплаќаат јануарските пензии

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година.

Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2022 година, а готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.01.2022 година (петок); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.01.2022 година (понеделник).

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртиот квартал од 2025 година

ДУИ: Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денар

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција