Утрински Весник
Економија

Од ноќеска поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95

Од ноќеска поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95

Од ноќеска на полноќ поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари на 67 денари за лита.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 останува 69 денари, а на дизелот 58,5 денари за литар.

Намалување има и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,400 и таа ќе изнесува 34,592 денари за килограм.

Цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) останува на 58 денари за литар.

Можете да прочитате

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“