Утрински Весник
Македонија

Од новозаболените 59 во Скопје, најмногу се од Чаир, Центар и Бутел

Од 14-те новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир и по еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново
Ss2

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Од новопотврдените 59 заболени од Ковид-19 во Скопје, најмногу се во Чаир – 12 и во Центар и Бутел по 10, информира директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.

По пет новозаболени има во Аеродром и во Гази Баба, по тројца во Кисела Вода и Сарај, двајца во Карпош, и по еден во Петровец, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Студеничани. Останатите потврдени во Скопје не пријавиле адреси на живеење.

Ss1

Според Зибери, најголемиот број на заразени во Скопје се членови на исти семејства. Регистрирани се 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот. Статиститката покажува дека најголемиот број од новозаболените се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.

Зибери кажа и дека одреден број од анкетираните контакти или заболени не им даваат точни информации на епидемиолозите.

– Многу често ни даваат лажни податоци, многу е важно луѓето да соработуваат и да бидат искрени во одговорите затоа што така побрзо ќе ги најдемем контактите и ќе ги тестираме луѓето, рече Зибери за ТВ Телма.са/вј/

 

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор