Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Експлозии одекнуваат во Лавов, итна евакуација во Луганск

(Од минута во минута) Експлозии одекнуваат во Лавов, итна евакуација во Луганск

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во својот 54. ден

Клучни настани

Експлозии во Лавов

Наредена итна евакуација во Луганск

Украинците продолжуваат да го бранат Мариупол

Кадиров до Зеленски: Ќе завршиме со вас деновиве

Од минута во минута:

08.45 Украинците продолжуваат да го бранат Мариупол

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека украинските сили во Мариупол се уште се борат и покрај барањето на Русија за предавање.

08.20 Итна евакуација на населението во Луганск

Жителите на областа Луганск во источна Украина се повикани веднаш да се евакуираат

08.10 Експлозии во Лавов

Руската инвазија на Украина продолжува, а според репортерот на Би-Би-Си, неколку експлозии го погодиле Лавов.

08.00 Страшна порака од чеченскиот лидер до Зеленски: Ќе завршиме со вас деновиве

Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека Украина е подготвена да се бори 10 години,изјави дека со Зеленски се ќе биде готово за неколку дена.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури