Утрински Весник
Македонија

Од крајот на март до средината на мај ќе се реновира пистата на скопскиот аеродром

Од крајот на март до средината на мај ќе се реновира пистата на скопскиот аеродром

Почнувајќи од 28 март до 16 мај 2022, во времетраење од 50 дена, ТАВ Македонија планира да ја рехабилитира пистата на скопскиот аеродром.

Поради ваквиот зафат, во наведениот период, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одвива од 17 часот и 30 минути попладне до 9 часот наутро.

„Планирана во консултација со сите засегнати страни, рехабилитацијата на пистата ќе биде завршена без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз авиосообраќајот“, велат од ТАВ Македонија од каде додаваат дека навремено ќе ја известат јавноста доколку има дополнителни информации во однос на овој зафат.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот