Утрински Весник
Свет
Img 7972

Од Италија вечерва ќе исплови првиот медитерански крузер по пандемијата

Од Италија вечерва ќе исплови првиот медитерански крузер по пандемијата
Img 7972

Во италијанското пристаниште во Џенова во тек се последните подготовки за испловување на патничкиот крузер, кој вечерва тргнува во седумдневна пловидба по западниот дел на Медитеранот. Ова е прва можност за туристите по ескалацијата на пандемијата на ковид-19 во Италија.

Компанијата МСЦ воведе строги безбедносни и здравствени мерки за патниците и екипажот, за да се спречи ширење на коронавирусот на крузерот. Патниците моментално мерат телесна температура и чекаат резултати од тестовите за ковид-19, пред да се качат на крузерот „Грандиоса“.

Ниту еден човек со позитивен тест или какви било симптоми на коронавирус нема да биде примен на крузерот, а од компанијата соопштија дека патниците мораат да носат маска во лифтовите и другите простории во кои не е можно да се држи физичка дистанца.

Екипажот на крузерот помина одредено време во самоизолација за да се намали ризикот од зараза во пресрет на испловувањето од пристаништето во Италија.

Компанијата МСЦ не открила колку патници ќе има на крузерот, но претходно соопшти дека можат да патуваат исклучиво државјани на 26 земји од Шенгенската безвизна зона.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Светата земја конечно е во мир

Трамп слета во Израел (ВИДЕО)

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени