Утрински Весник
Македонија

Од денеска во сила сезонските цени за наплата на паркирањето возила во Охрид

Од денеска во сила сезонските цени за наплата на паркирањето возила во Охрид

Охрид, 1 јуни 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Билјанини извори“ што стопанисува со јавните паркиралишта во Охрид од денеска започна со наплата за паркирање возила во градот согласно со ценовникот предвиден за летната сезона.

Согласно со одлуката на Советот на Општина Охрид, од денеска заклучно со 31 август цените за паркирање возила на јавните паркиралишта во градот ќе чини 40 денари за зоната А, 30 денари за зоната Б и сто денари по час во премиум-зоната во строгиот центар на градот. аб/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје

Двајца мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром