Утрински Весник
Македонија

Одложено судењето за „Плацови на Водно“, еден од адвокатите е зафатен а се преведуваат и докази од англиски јазик

Одложено судењето за „Плацови на Водно“, еден  од адвокатите е зафатен а се преведуваат и докази од англиски јазик

Се одложи второто рочиште за „Плацови на Водно“, на кое обвинетите требаше да се произнесат дали се чувствуваат виновни за делата за кои се гонат.

Кривичниот суд соопшти дека рочиштето нема да се одржи бидејќи одбраната ги бара доказите преведени од англиски на македонски јазик.
Втората причина е бидејќи адвокатот кој на обвинетиот Никола Груевски му беше назначен по службена должност е зафатен во предметот „ТНТ“ чие рочиште е закажано во ист термин.

Обвинителката Лиле Стефанова најави голем број сведоци и докази за случајот „Плацови на Водно“, односно начинот на кој експремиерот Никола Груевски ги трошел парите наменети за партијата. На обвинителна клупа седнаа бизнисмените Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ, мајката на Камчев, Ратка Камчева, кумот од првиот брак на Груевски, Ристо Новачевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

Првообвинет во случајот е Груевски, азилант во Будимпешта.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање имот“.

Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа