Утрински Весник
Македонија

Одложена реализацијата на проектот на ИРЛ „Мобилни редакции“

Одложена реализацијата на проектот на ИРЛ „Мобилни редакции“

 Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Тимот на новинари и продуценти на Истражувачката репортерска лабораторија  ИРЛ соопшти дека одлучил целосно да ја стави во мирување реализацијата на проектот „Мобилни редакции“ до завршување на вонредната состојба во земјава и укинување на ограничувањата за движењето на населението, воведени за спречување на ширењето на Covid-19.

-Тргнувајќи од препораките на здравствените експерти кои велат дека единствена ефикасна превенција од Covid-19, покрај одржување на личната хигиена, е одржување на неопходната физичка дистанца меѓу луѓето, беше неопходно да ја донесеме оваа одлука за одложување на реализацијата на проектот. Неговата реализација секако ќе продолжи по нормализирање на состојбата во земјата, која се надеваме дека ќе случи што е можно побрзо. Дотогаш се приклучуваме кон апелот до сите граѓани да останат во своите домови со што ќе го заштитат своето здравје и здравјето на другите, вели раководителката на тимот на ИРЛ, Сашка Цветковска.

Главна цел на проектот е преку непосредна комуникација со граѓаните да се идентификува и истражи корупцијата на локално ниво користејќи ги алатките на истражувачко и аналитично новинарство. Реализацијата на проектот започна на почетокот на март за што мобилната редакција на тимот на ИРЛ го посети североисточниот регион на земјата. Беше предвидено на почетокот од април мобилната редакција да се префрли во полошкиот регион, а на почетокот на мај на југоистокот од земјата.

Тимот на истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ, како што се посочува, е составен од истакнати новинари и други медиумски и комуникациски професионалци со долгогодишно искуство. Здружението е основано со иницијална поддршка на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (Organized Crimeand Corruption Reporting Project – OCCRP) која претставува истражувачка репортерска платформа формирана од повеќе од 40 непрофитни истражувачки центри и неколку регионални и глобални новински организации низ светот. вг/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор