Утрински Весник
Спорт

Во Италија сакаат да го доиграат првенството

Во Италија сакаат да го доиграат првенството

Рим, 13 април 2020 (МИА) – Претседателот на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина го сподели своето мислење за продолжување на сезоната во Серија А. Земјата е еден од епицентарот на пандемијата на коронавирус.

– Шампионатот ќе продолжи кога ќе се обезбедат неопходни гаранции. Имаме постапка, за тоа ќе известиме наскоро. Се надевам дека во почетокот на мај ќе започнеме со проверки за да се осигураме дека играчите не се заразени. Потоа доаѓа втората фаза – продолжување на тренинзи, го цитираше „Скај Спорт Италија“, Гравина.

Немаме рок, имаме намера да ги следиме упатствата на ФИФА и на нашиот специјален комитет. Идејата е да се заврши првенството, доколку дозволат условите, додаде првиот оперативец на италијанскиот фудбал. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен