Утрински Весник
Македонија

Одложена главната расправа за „27 април“

Одложена главната расправа за „27 април“

Главната расправа за судењето за „27 април“ е одложена поради тоа што член од судечкиот совет е позтивен на коронавирусот.

„Главната расправа за предметот поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието и сите расправи насрочени до 25.04.2021 година, се одлагаат со оглед да дел од членовите на судечкиот совет се во изолација по добиен позитивен ковид – тест“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Следната расправа е закажана за 26 април, а за евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Можете да прочитате

Бабовски: Влашкиот народ никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг

Циклон од југоисток ни носи невреме во Македонија за време на овој викенд