Утрински Весник
Свет

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти заради воени злосторства направени од 1991 година, објави грчката новинска агенција „АНА“.

Србинот е уапсен минатата недела на граничниот премин „Евзони“ додека со семејството патувал на одмор во Платамона.

Според документацијата на хрватското обвинителство, обвинет е за соучесништво во воените дејствија при што била уништена инфраструктура и загинаа цивили во хрватските места Вочин и Хум, пред 31 година.

Тој негира дека сторил воени злосторства и тврди дека бил само обичен војник и извршувал заповеди.

Можете да прочитате

Трамп сака да го забрза процесот на одземање на државјанството на лица обвинети за измама

Уметникот кој го исмејуваше Путин убиен во Полска.

Трамп потпиша меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на војната