Утрински Весник
Политички Партии

Одбор за одржување вонреден конгрес: Мицкоски молчи за наводите за можна злоупотреба на пари од буџетот за изборите

(Видео) Мицкоски ги повика граѓаните да излезат на протест во среда
Ss2

Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е изненаден од, како што велат, молкот на сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски во врска со написите за можна злоупотреба на буџетски средства во изборната кампања.

„Прво, станува збор за пари кои ги двојат граѓаните и секоја злоупотреба на овие средства е тешко кривично дело. Згора на тоа, срамно е за опозициска партија која бара транспарентност и неселективна борба против криминалот да ги премолчи овие наводи и да не реагира на сомнежите. Второ, станува збор за средства кои во време на тешка корона криза се одвоени за соодветно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ. Секое нивно ненаменско трошење значи глас помалку и полош изборен резултат. Затоа раководството му должи образложенија и одговори на членството кое чесно работеше на овие избори“, се вели во соопштението.

300x250 (7)

Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес бара одговор дали се точни наводите дека десетици илјади евра се давани на портали кои се формирани пред изборите во 2020 година?

„Законот за избори предвидува државата да ја финансира изборната кампања на партиите во делот на електронските и печатените медиуми, вклучувајќи ги и интернет порталите. Тоа се пари кои ги двојат граѓаните. Институциите се должни да проверат дали навистина биле објавувани реклами и дали тие реклами навистина толку чинеле. Во спротивно се работи за класичен грабеж. Партиското членство мора да знае кој и зошто одлучил таму да одат парите кои државата ги двои за ВМРО-ДПМНЕ. Дали личните интереси биле над партискиот интерес за победа на изборите? Овој скандал мириса на корона-профитерство“, се наведува во соопштението.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт