Утрински Весник
Македонија

Ограбена продавница за накит во Битола, украдени 28 часовници во вредност од 575 илјади денари

Ограбена продавница за накит во Битола, украдени 28 часовници во вредност од 575 илјади денари

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Непознато лице во продавница за часовници и накит на улица „Широк Сокак“ во Битола со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина украл 28 машки часовници во вредност од 575 илјади денари.

Случајот, како што соопшти МВР, бил пријавен вчера во 5 часот изутрината.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана