Утрински Весник
Свет

„Оганот е насекаде околу нас“- Пожар во Ново Мексико се шири со голема брзина

Dik 300x250 mk

Пожарот од суша во северниот дел на Ново Мексико се претвори во „мегапожар“ и зафаќа површина од околу 100.000 хектари.

Областа зафатена од пожарот може да се удвои, изјави официјалниот претставник на противпожарната служба.

По силните пролетни ветрови во исушените планински шуми, пожарот во кањонот Калф е убедливо најголемиот и најразорниот пожар во Соединетите Американски Држави, пишува Ројтерс.

На околу 50 километри источно од Санта Фе, пожарот уништил стотици имоти, илјадници луѓе биле принудени да се евакуираат, а во саботата пожарот зафатил и неколку километри од градот Лас Вегас во Ново Мексико со 14.000 жители.

Во последните 24 часа пожарот е зголемен за околу 50 отсто.

„Ова е голем пожар и е насекаде околу нас“, рече менаџерот на округот Сан Мигел Џој Ансли, додавајќи дека властите прават планови во случај Лас Вегас да биде евакуиран.

Годинава шумските пожари во САД се повеќе од двојно од истиот период во 2021 година и на околу 70 отсто повеќе територија од десетгодишниот просек, покажуваат податоците на Националната противпожарна бригада.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно