Утрински Весник
Спорт

Ова ретко се гледа! Жабер прво поврати, па го доби меч-поенот против Мугуруза

Ова ретко се гледа! Жабер прво поврати, па го доби меч-поенот против Мугуруза

Онс Жабер, Тунижанката која неодамна стана првата арапска тенисерка со ВТА титула, се врати од сет негатива, поврати на теренот, па ја елиминираше шампионката од 2017 година, Гарбиње Мугуруза со 5:7/6:3/6:2.

Сепак, најзабавно и најинтересно не беше повраќањето, туку низата атрактивни удари кои ги упати тенисерката од Тунис, која имаше дури 44 директни победнички топки.

„Неколку дена имам проблеми со стомакот, а можеби стресот, заморот и возбудата не помогнаа. Понекогаш кога пијам водам имам повеќе проблеми и ми станува многу лошо“, откри 26-годишната Жабер.

> Ова ретко се гледа! Жабер прво поврати, па го доби меч-поенот против Мугуруза <

Можете да прочитате

Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонската трка на ЕП

Ѓуретановиќ имаше добар старт, но не успеа исплива до својот најдобар резултат

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи во последните неколку години