Утрински Весник
Свет

Објавен список од 7 европски земји во кои можат да патуваат американците

Објавен список од 7 европски земји во кои можат да патуваат американците

Седум европски земји се отворени за туристички посети на американци, а меѓу нив е и Хрватска.

Грција, Исланд, Црна Гора, Србија, Кипар, Грузија и Хрватска се на списокот на земји за кои „Вашингтон пост“ вели дека американските граѓани можат да патуваат во моментот.

За да влезат во Хрватска, американските туристи мораат да покажат негативен тест за Ковид-19 не постар од 48 часа, доказ за завршена вакцинација или дека го прележале коронавирусот како и доказ за платено сместување во хотел, стан или камп. Од американската амбасада велат дека резервацијата за сместување не е доволна и потребен е доказ за плаќање.

Посетителите можат да платат за тест и да го направат по пристигнувањето, но мора да бидат во самоизолација додека не пристигнат резултатите. Режимот е сличен и во другите шест земји отворени за странски туристи, пишува Вашингтон пост.

Исто така, се наведува дека поголемиот дел од Европа сè уште е затворен за американските туристи и дека планирањето се одвива отежнато, а американците мора да покажат негативен резултат од ПЦР тест не постар од три дена пред да се качат во авион.

Можете да прочитате

Шпанијa ги забранува цигарите и на отворено

Руски дронови на небото над Полска, активирана воздушната одбрана, свикан итен состанок на државниот врв

Макрон избра нов премиер на Франција