Утрински Весник
Свет

Иран подготвен за разговори со Саудиска Арабија на кое било ниво

Иран подготвен за разговори со Саудиска Арабија на кое било ниво
Img 5587

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, изјави вчера дека Исламската Република е подготвена да разговара со Саудиска Арабија на кое било ниво и во каква било форма, пренесува „Ал Арабија“.

На својот неделен брифинг со новинарите, Хатибзаде додаде дека промената на саудиската реторика и дискурсот кон Иран ќе помогне во намалувањето на тензиите, но ќе доведе до практични резултати само заедно со промена во однесувањето.

300x250 (7)

Минатиот месец, саудискиот престолонаследник  Мохамед бин Салман изјави дека кралството сака да воспостави добри односи со Иран како соседна земја, но додаде дека има проблеми меѓу двете страни на чие решавање работи Саудиска Арабија со своите партнери.

Западните медиуми неодамна објавија дека делегации од Саудиска Арабија и на Иран имале разговори во април во ирачката престолнина Багдад, за време на кои разговарале за повеќе прашања, вклучително и за војната во Јемен и во Либан.

Саудиска Арабија и Иран немаат формални дипломатски односи од 2016 година откако Ријад го погуби саудискиот шиитски свештеник Нимр Бакир Ал-Нимр, кој водеше масовни протести против саудиските власти во источната провинција Катиф.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен со Херцог: Време е да се прекине огнот и да се ослободат заложниците

Земјите од Африка и Блискиот Исток ги повлекуваат златните резерви од САД

Американската ДЕА ја менува класификацијата на марихуаната: Ќе биде означена како помалку опасна дрога