Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Објавено видео од пожарот во болницата во Тетово – пациенти бегаат преку прозор, огнот се шири со голема брзина

Објавено видео од пожарот во болницата во Тетово – пациенти бегаат преку прозор, огнот се шири со голема брзина
Img 7972

Видео од надзорните камери од објект во близина на модуларната ковид – болница во Тетово која завчера целосно изгоре го покажува сиот ужас на трагедијата.

На видеото може да се види за колку кратко време пожарот се разгорува и го зафаќа целиот објект. Пациенти бегаат преку прозор, додека други лица им помагаат од надвор.

Во пожарот загинаа 14 лица, а според најновите информации од Јавното обвинителство, две од нив биле роднини на пациентите, односно сопруга на пациент и ќерка на пациентка. Истрагата за пожарот е во тек, а во неа ќе се вклучат и експерти од Германија.

Можете да прочитате

Доаѓа влажен бран во нашата Македонија, температурите повторно ќе паѓаат

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа