„Македоника литера“ деновиве ја објави патописната книга „Никогаш на врвот“ на современиот италијански писател Паоло Коњети, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска.
„Никогаш на врвот“ ѝ припаѓа на одличната патописна литература, напишана за патувањето во далечниот хималајски регион на Непал – приказна за тоа како еден човек постигнува поголемо самосознание на 4.000 метри додека го прави секој следен чекор. Регионот Долпо, застанат во своето минато, го обзема Паоло Коњети со древната планинска култура каде што животот може да биде неодолив, особено за малубројното население кое се плаши од експлоатација.
„Никогаш на врвот“ е повеќе од патописен дневник. Тоа е топла и евокативна приказна за соочувањето со физичките ограничувања, за ерозијата на многу стари вредности, за убавината на некои мали нешта како што е неочекуваната средба со тибетско куче итн., а тоа е, всушност, приказната за наоѓањето на рамнотежата во самиот себе. Паоло Коњети раскажува за своите незаборавни искуства на Хималаите на свој уникатен, класично елегантен стил, со големо познавање на магијата на планинската височина и на длабочината на човечката душа.
Паоло Коњети (Милано, 1978) дебитирал со збирката раскази „Прирачник за успешни девојки“ по што следи „Една мала работа што ќе експлодира“ за која ги добил наградите „Сетембрини“ и „Кјара“. Ги напишал и „Њујорк е прозорец без завеси“ и „Дивото момче“, преведена во тринаесет земји. Потоа ги објавил „Пливачот“, „Сите мои молитви гледаат кон запад“, „На лов во најдлабоките мочуришта“, „Софија се облекува секогаш во црно“, селектирана за наградата „Стрега“ и преведена во многу земји. Неговиот роман „Осум плани-ни“ (ноември 2016) стана интернационален бестселер. Преведен е на триесет и девет јазици меѓу кои и на македонски јазик (издание на „Македоника литера“), добитник е на неколку награди, меѓу кои и наградата „Стрега“ во 2017 година. „Никогаш на врвот“ (2018) е негова втора книга објавена на македонски јазик.
Текстот Објавена книгата „Никогаш на врвот“ на италијанскиот писател Паоло Коњети е превземен од МАКФАКС.